Припадничките на Исламската држава пристигнати од бројни земји од странство во таканаречениот Калифат, ги напаѓале другите жени во бегалските кампови затоа што ги сметаат за „неверници“.

Ни велеа дека сме неверници затоа што го покажуваме нашето лице, изјавила една Сиријка во логорот Ал Хол каде што се сместени голем број на жени и деца кои што таму пристигнале од Багуз, последното упориште на Исламската држава во Сирија.

Ги гаѓаат со камења, ги навредуваа Сиријките и Ирачанките, како и чуварите на логорот. Дури им се закануваа и на децата. Тие запалија и неколку шатори, открива еден од чуварите на логорот со бегалци, откривајќи дека чуварите биле принудени да пукаат во воздух за да го прекинат судирот.

Во текот на изминатите неколку дена, илјадници цивили беа евакуирани од Багуз, а меѓу нив се наоѓаат и жените на џихадистите. Речиси сите од нив и натаму имаат силни симпатии кон Исламската држава

Мазин Шеки, кој што работи со бегалците во кампот, открива дека жените на Исламската држава се одвоени во кампот за да не се мешаат со другите.

Ги ставаме во одвоен дел за да спречиме да дојде до проблеми со раселените жени. Меѓутоа, тие често и меѓусебно влегуваат во конфликт.

Се проценува дека моментално во кампот има околу 62 илјади бегалци, од кои голем дел од нив се жени на џихадисти, односно припаднички на Исламската држава кои што сакаат да се вратат назад во своите татковини во Европа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.