Мeдиумската група која ја поддржува „Исламска држава“ се закани дека ќе нападнат со снајпери и пакети-бомби во Њујорк во текот на новогодишните празници.

На блогот „Пи-Џеј-медиа“ вчера беше објавено дека група која кружи на интернет на џихадистичкиот постер повикува на напади на 1 јануари. Постерот прикажува маскиран џихадост кој држи крвав нож над колекција од фотографии од нападите на божиќниот маркет во Берлин. На постерот прввиот ден од новата година е наречен „ден на одмаздата“. Агенцијата која ги поддржува џихадистите објави и слика од силуети на згради во пламен.

Наскоро ако даде Бог, неверниците ќе видат токму тоа од што се плашат, се наведува во текстот на сликата кој го цитираше стручњак за блогови за борба против тероризам, Брижит Џонсон.

Таа додава дека во текстот е наведен и датумот 1 јануари 2019 година.

На уште едне неодамна објавен постер, џихадистистите ги повикуваат своите симпатизери да извршат напади со појаси со експлозив, минирани автомобили, пакети со експлозив, оружје со пригушувачи и снајпери…

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.