Екстремистичката група Исламска држава-Корасан (ИД-К) денеска ја презеде одговорноста за самоубиствениот напад врз шиитската џамија во Кандахар, во кој загинаа 41 лице.

За време на големата молитва во петокот, во најголемата џамија во вториот по големина град во Авганистан одекнаа експлозии во кои беа повредени најмалку 70 лица.

Џихадистичката организација соопшти дека двајца бомбаши самоубијци извршиле одделни напади во џамијата.

Ова е прв напад на групата ИД-К во Кандахар, град во кој е родено талибанското движење.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.