Најбогатиот човек на свето, основачот на компанијата „Амазон, Џеф Безос, го зголеми своето богатсво за околу 2,5 милијарди долари.

Како што објави „Форбс“, повикувајќи се на документацијата доставена до Американската комисија за хартии од вредност (СЕЦ), од почетокот на август, Безос продал милион акции на компанијата за вкупно 3,1 милијарди долари. Тоа значи дека по плаќањето данок, најбогатиот човек на светот на сметка ќе има дополнителни околу 2,4 милијарди долари.

Безос ги продал акциите по цена од 3,10 до 3,18 долари по акција, а „Форбс“ пишува дека не е позната причината зошто Безос ги продал акциите.

Во меѓувреме, пак, „Фокс Бизнис“ наведува дека Безос во последните години редовно продава акции на „Амазон“ за финансирање други бизниси. Телевизијата потсетува дека Безос ветил оти ќе собере најмалку милијарда долари секоја година со продажба на акции за финансирање на „Блу Ориџин“, неговата приватна фирма за вселенски туризам и истражување.

Според најновата листа на најбогати луѓе на светот на „Форбс“, Безос го задржа првото место со проценето лично богатство од над 189 милијарди долари.

Минатата недела „Амазон“ објави дека оствариле приходи од 88,9 милијарди долари во вториот квартал, 40 проценти повеќе отколку во истиот квартал една година порано, а профитот изнесува 5,2 милијарди долари, што значително ги надмина очекувањата на Вол Стрит.

Акциите на „Амазон“ оваа година ја зголемија својата вредност за 73 проценти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.