Три лица загинаа и 23 се повредени во сообраќајна несреќа во Отава откако градски автобус удри во автобуска постојка во градскиот кварт Вестборо.

Градоначалникот на Отава, Џим Вотсон рече дека двајца патници и човек кој чекал на постојката ги загубиле животите во „ужасната“ несреќа.

Четиринаесет повредени луѓе се во критична состојба.

Сообраќајката се случила околу 16 часот по локално време. Двокатниот автобус бил полн со патници во моментот на несреќата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.