Двегодишно девојче почина денеска во Универзитетската болница во Брно, објави Чешкото радио. Со тоа бројот на жртви од торнадото што ги уништи областите околу градовите Брежецлав и Годонин во јужноморавскиот регион во Чешка се искачи на шест.

Претседателот Милош Земан и премиерот Андреј Бабиш изразија сочувство на родителите на детето.

Материјалната штета од елементарната непогода изнесува 471 милиони евра. Оштетени се 1.200 станбени згради, од кои повеќе од 70 не можат да се обноват и ќе бидат урнати.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.