Според анкетата на СиБиЕс по претседателската дебата во САД, повеќето гледачи сметаат дека дебатата имала „негативен“ тон, а само 17 проценти изјавиле дека чувствуваат „позитивни вибрации“ за време на соочувањето на двајцата кандидати.

Анкетата покажа дека 48 проценти од луѓето сметаат дека демократскиот кандидат Џо Бајден бил подобар, а 41 процент сметаат дека Доналд Трамп победил во дебатата. Останатиот процент од анкетираните сметаат дека дуелот поминал изедначено.

Вкупно 69 отсто од испитаниците изјавиле дека биле „изнервирани“ од расправијата на Трамп и Бајден, а само 17 отсто рекле дека дискусијата ги „информирала“. Додека речиси 20 отсто од луѓето изјавиле дека дебатата била песимистичка.

Анкетите покажуваат дека Бајден има едноцифрена процентуална предност пред изборите, но истражувањата во неколку важни американски држави сугерираат дека состојбата во нив е неизвесна.

Според анкетите, секој десетти Американец сè уште не одлучил како да гласа. Аналитичарите сметаат дека синоќешната дебата, прва од трите, нема да промени многу.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.