Две ракети ја погодиле заштитената зелена зона во Багдад, каде што се наоѓа Американската амбасада, при што е причинета материјална штета, но нема жртви.

Еден проектил бил уништен од одбранбениот систем на Амбасадата Ц-РАМ, додека другиот паднал во близина на Националниот споменик, предизвикувајќи штета на две цивилни возила –  се наведува во соопштението на ирачката армија.

Покрај Американската амбасада, во зелената зона се наоѓаат и други странски амбасади, како и зградата на Владата на Ирак.

Зоната често е мета на ракети и напади со беспилотни летала, за кои американските власти ги обвинуваат ирачките милиции поддржани од Иран.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.