Две девојчиња на возраст од една и две години се пронајдени мртви во автомобил покрај куќа во австралискиот град Логан во близина на Бризбејн. Се претпоставува дека во автомобилот ги оставила мајката (27) против која е покренато обвинение за убиство.

Полицијата и итната помош добиле повик на адреса од куќа која се наоѓа на патот Логан Ресерв во квартот Вотерфонг денеска околу 13 часот. Покрај куќата бил паркиран автомобил во кој се наоѓале несреќните девојчиња.

Двете биле без свест, пресуваат медиумите, а медицинските работници не успеале да ги оживеат.

Полицијата веднаш ги приведе родителите на испитување, по што мајката е обвинета за убиство.

Форензичарите работат на тоа да ја откријат причината за смртта, односно дали екстремната горештина довела до трагичниот исход.

Многу медиуми пренесоа дека автомобилот бил врел во време на трагичното откритие. Кога се откриени телата на девојчињата, температурата била 31 степен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.