Деца затрупани во лавина во Русија

Се стравува дека по снежната лавина на северот на Русија, пет лица, меѓу кои и две деца, се заробени под снегот.


Претставник на прес-службата на руското Министерство за вонредни состојби за агенцијата Тасс изјави дека снежните врнежи ја погодиле областа на ски-центарот Гора Отделнаја во 20.30 часот по московско време.

Во лавината се затрупани пет куќи, во кои останале зарoбени цели семејства.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.