Две лица се убиени во денешниот напад со нож во близина на Лондонскиот мост, по што е убиен и напаѓачот во кого пукаше полицијата, јави Би Би Си.

Лондонската полиција соопшти дека овој инцидент го третира како терористички напад.

Полицијата исто така соопшти дека напаѓачот кај себе имал лажна бомба.

Градоначалникот на Лондон Садик Кан претходно изјави дека полицијата повеќе не трага по никого во врска со инцидентот и притоа го пофали „хероизмот од кој сопира здивот“ што го покажале граѓаните кои притрчале кон осомничениот и го разоружале.

Подоцна полицијата го уби напаѓачот.

Британскиот премиер Борис Џонсон ја пофали исклучителната храброст на граѓаните кои физички интервенираа за да ги заштитат другите луѓе и се заблагодари на полицијата и итните служби за брзата реакција.

За мене тие претставуваат најдоброто нешто што го има нашата земја и јас им се заблагодарувам во име на целата земја – рече Џонсон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.