Две лица загинале а уште шест други се водат како исчезнати во рударска несреќа во централна Кина, објави во саботата кинеската државна телевизија CCTV.

Експлозијата се случила во рудникот за јаглен „Henan Hebi Coal“. Властите во покраината Хенан го активирла планот за вонредно ситуации, се наведува во извештајот.

Покраинската влада во мај одобри повторно отворање на друг рудник со кој управува „Hebi Coal“, откако го затвори поради непрописно работење.

Кинеските власти спроведуваа безбедносни инспекции во рудниците за јаглен ширум земјата, но рекордно високите цени на јагленот ги натераа рударски компании да го забраат производството за да ги задоволат потребите на побарувачката.

Владата минатиот месец најави стабилизација на рстот на цените на јагленот, а истовремено ги охрабри произведувачите да го зголемат производството за да се задоволи глобалната побарувачка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.