При напад во баптистичка црква во Сан Хозе, Калифорнија, избодени се повеќе луѓе, а полицијата се уште не издала соопштение.

Веста за нападот се шири на социјалните мрежи.

Според досегашните податоци, две лица се убиени, а повеќемина се сериозно повредени, кога непознат маж ги нападнал присутните.

Полицијата најпрво објави дека осомничениот е уапсен, за подоцна да ја тргне таа објава од Твитер и да наише дека истрагата е во тек.

Засега не се знае колку луѓе се повредени, но се наведува дека некои однив се во критична состојба.

Полицијата наведува дека во моментот на нападот во црквата немало служба, но дека внатре имало пуштени бездомници пуштени за да се спасат од студеното време.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.