Француската полиција уапси двајца мажи под сомнение дека киднапирале и силувале деветгодишно девојче.

Полицијата соопшти дека апсењата се случиле додека осомничените синоќа возеле украден автомобил во селото Самур.

Локалните медиуми пишуваат дека еден од уапсените е осомничен и за силување на 73-годишна жена. Силувањето на 73-годишната жена се случило во петокот.

Девојчето биле киднапирано во неделата во Вилиер, додека одело да купи леб. Таа била пронајдена кратко време откако е киднапирана во автомобил Цитроен. Таа е пренесена во болница во местото Поатие.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.