Полицијата во Хаг уапсила повеќе од 20 луѓе за време на немирите во една сиромашна населба. Полициската реакција следувала откако демонстрантите фрлале камења, јајца и петарди кон полицајците.

Немирите почнале пред две ноќи кога официјалните лица им забранниле на млади луѓе од населбата да ги пуштат хидрантите за гаснење на пожари за да се разладат.

Демонстрантите се приведени под обвинение дека биле насилни или поттикнувале насилство против полицијата, а поради немирите, што не престанаа ни синоќа, локалните власти и дадоа дополнителни овластувања на полицијата за апсење на демонстрантите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.