Главните обвинители од 21 американска сојузна држава поднесоа тужби против администрацијата на претседателот Џо Бајден во врска со указот за блокирање на изградбата на гасоводот „Кистоун ХЛ“ (Keystone XL) на границата меѓу САД и Канада, објави јавниот обвинител на Тексас, Кен Пакстон.

Во тужбата се наведува дека Бајден „нема еднострано овластување да ја менува енергетската политика утврдена од Конгресот на САД”. Во оваа тужба, поднесена пред Федералниот окружен суд во Тексас, главните обвинители бараат укинувњае на наредбата на Бајден за блокирање на нафтоводот.

Одлуката за доделување или одбивање на дозвола за изградба или управување со нафтовод преку меѓународната граница со Канада е регулација на меѓународна или меѓудржавната трговија. Според Уставот, Конгресот има моќ да ја регулира меѓународната или меѓудржавната трговија, а не претседателот – наведуваат обвинителите во тужбата.

Набргу по стапувањето на должност, Бајден потпиша указ за блокирање на изградбата на гасоводот „Кистоун ХЛ“ на границата со Канада и САД. Канадскиот премиер Џастин Трудо изјави дека Канада е разочарана од тој потег. Премиерот на канадската провинција Алберта, Џејсон Кени, дури го повика Трудо да се осигура дека декретот на американскиот претседател Џо Бајден ќе има пропорционални економски последици за Вашингтон.

Поранешниот шеф на Стејт департментот, Мајк Помпео претходно го коментираше одбивањето на новата американска администрација за изградба на гасоводот од Канада до САД. Според него, со таа одлука, демократите „уништиле 10.000 работни места“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.