Белгиската агенција за лекови информира дека се регистрирани два смртни случаи во земјата на лица вакцинирани со „АстраЗенека“ и дека смртта најверојатно се должи на вакцината.

Агенцијата секој четврток ја информира јавноста за несаканите дејствија од лековите и вакцините, а првпат денеска се регистрирани две починати лица откако примиле доза од „АстраЗенека“.

Во Белгија најчести нус појави регистрирани по вакцинацијата се покачена телесна температура, болки во мускулите и реакција на местото каде е примена инјекцијата.

Овие несакани дејствија најчесто се појавуваат по втората доза со вакцините на „Фајзер“ и „Модерна“, но и по првата доза на „АстраЗенека“.

Од сите 14.601 пријавени случаи на несакани појави, белгиската агенција смета дека 3.077 се сериозни.

Регистрирани се вкупно 126 смртни случаи, но само последните два се сметаат поврзани со вакцината.

Во Белгија до сега речиси четири милиони граѓани примиле барем една доза вакцина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.