Претседателот на Филипини, Родриго Дутерте, најави затворски казни за граѓаните кои одбиваат да се вакцинираат против Ковид-19.

Филипините се во тешка состојба со епидемијата на корона вирусот во која има над 1,3 милиони заразени и над 23.000 смртни случаи.

Вие одлучувате, или ќе се вакцинирате или одите во затвор – порача Дутерте во телевизиско обраќање по извештајот за низок одговор на вакцинациите во главниот град Манила.

Заклучно со 20 јуни, на Филипините целосно се вакцинирани 2,1 милиони луѓе, што е многу мал напредок во однос на планот на Владата да вакцинира до 70 милиони луѓе до крајот на годината. На Филипините живеат околу 110 милиони жители.

Не ме сфаќајте погрешно, но земјата е во криза, јас сум револтиран од граѓаните кои не ја почитуваат својата влада – изјави Дутерте.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.