Државјаните на земјите членки на Европската унија немаат намера да ја напуштат Велика Британија и да се вратат во своите земји по Брегзит, пишува Дојче веле.

Станува збор за 2,27 милиони граѓани од земјите членки на ЕУ кои живеат и работат во Британија.

Сите граѓани на ЕУ всушност имаат право да аплицираат за таканаречен „утврден статус за престој“ доколку живеат во земјата повеќе од пет години и немаат државјанство или за „претходно утврден статус за престој“ ако останат помалку од пет години.

Тоа е нов вид имигрантски статус воведен токму за граѓаните на ЕУ, што треба да им овозможи да останат и нормално да живеат и да работат во Британија.

Последниот ден од овој месец, Брегзит конечно ќе се случи и Велика Британија ќе влезе во преоден период за излез од Европската унија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.