Државите од Минск-групата на ОБСЕ, Франција, Русија и САД ќе одржат преговори за Нагорно Карабах на 8 октомври во Женева и на 12 октомври во Москва, соопшти денеска францускиот министер за Европа и надворешни работи Жан-Ив ле Дриан.

Министерот не откри на кое ниво ќе се одвиваат преговорите.

Досега не сме постигнале резултати. Преговорите траат 11 дена. Едната рунда ќе се одржи утре во Женева, другата ќе се одржи в понеделник во Москва, изјави Ле Дриан.

Тој изрази надеж дека ова ќе доведе до директни преговори меѓу завојуваните страни.

Преговорите за мировно решение за Нагорно Карабах се спроведени во рамките на Минск – групата на ОБСЕ, со која Франција, Русија и САД усвоија изјава за Нагорно Карабах на 1 октомври. Водачите ја осудија ескалацијата на насилството и повикаа на итен прекин на огнот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.