Најмалку пет морнари се водат како исчезнати по пожарот што избувна на еден товарен брод во средината на Пацификот.
Товарниот брод со околу 3.500 автомобили се запалил од непознати причини на околу 3.200 километри од Хавајските Острови. Екипажот го напушти бродот.

Напомош на товарниот брод „Синсирли ејс“ дојдоа пет брода кои биле во близина, а спасени се 16 члена на екипажот, јавува АП.

Операцијата за спасување е доведена во прашање бидејќи бродот се наоѓа далеку од дометот на хеликоптери и бродови на крајбрежната стража, која испрати напомош два авиона со долг домет – „HC-130 херкулес“ и „P-8 Орион’.

Уште не е јасно како загинале петте морнари, но екипажите на бродовите што му допловија напомош на јапонскиот товарен брод јавија дека еден спасувачки чамец потонал и дека виделе четири тела што лебдат на површината на морето.

Бродот „Синсирли ејс“ може да носи дури 6.500 автомобили и е изграден во 2009 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.