Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев рече дека му е драго ако Западот се лути поради тоа што кинескиот претседател Си Џинпинг ја посети Москва.

Мислам дека и тие се радуваат со нас – рече Медведев на првиот канал на руската телевизија на прашањето дали забележал како Западот реагираше на тридневната посета и средбата на Си со Владимир Путин, пренесува РИА.

Тридневната посета на Џинпинг заврши денеска, а аналитирачите имаа мешани коментари во врска со тоа дали Путин го добил тоа што го сакал од Си. Во една анализа се вели дека Путин сепак има повеќе обврски од Џинпинг во нивното пријателство.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.