Седум лица загинаа, меѓу кои и напаѓачот, откако маж отворил оган за време на прослава во сојузната држава Колорадо.

Според извештаите на медиумите, напаѓачот бил во врска со една од жртвите. Дошол на прослава, и од непознати причини почнал да пука.

Меѓу жртвите било и лице за кое била организирана забавата, а била одржана пред камп приколка. Меѓу насобраните имало и деца, но нема повредени меѓу нив.

Полицијата соопшти дека по доаѓањето на лице место, нашла шест мртви тела, а едно лице починало во болница.

Се истражуваат мотивите за нападот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.