Дописничката на Би-Би-Си, Сара Рајсфорд, која беше протерана од Москва, изјави дека била информирана дека никогаш нема да може да се врати во Русија, што го смета за „јасен знак“ за влошување на слободата на медиумите во земјата.

Рускиот информативен канал „Русија 24“ синоќа објави дека дописничката на Би-Би-Си, мора да ја напушти земјата до крајот на месецот, пред да и истече визата. Од телевизијата наведоа дека одлуката на руското МНР претставува одговор за одлуката на Велика Британија да ги одбие барањата за виза на руските новинари.

Ова не е неуспешно обновување на мојата виза, иако технички изгледа така. Ме протераа и ми рекоа дека никогаш нема да може се вратам – изјави Рејсфорд за Би-Би-Си, додавајќи дека е „многу тажна“ што мора да си замине толку нагло од државата во која поминала речиси една третина од својот живот и чиј јазик го зборува.

Портпаролката на руското МНР, Марија Захарова, одлуката на Москва ја поврза со „понижувањата со визите што Лондон им ги наметна на руските дописници во Велика Британија“.

Сара Рајсфорд објасни дека го навеле случајот со руски новинар чија виза не била продолжена пред две години, како и британски санкции против Русите за кршење на човековите права во Чеченија и поради корупција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.