Екс претседателот на САД Доналд Трамп уште еднаш го критикуваше Џо Бајден кој во во петокот падна по скалите на претседателскиот авион „Ер Форс Уан“, непосредно пред полетувањето за Атланта.

Знаев дека ќе падне. Јас кога се качував бев претпазлив, одев сантиметар по сантиметар. Последно нешто што посакував е Бајден да падне, а падот беше ужасен. Всушност, не беше еден, беа три – изјавил Трамп.

Довчерашниот претседател смета дека првиот човек на Америка има “ментален пад“ и е премногу збунет за да потпишува разни документи. Трамп делумно направи паралели помеѓу американскиот претседател и 79-годишниот демократски сенатор Берни Сандерс.

Нешто таму се случува, нешто лудо… Човек се прашува дали воопшто ги разбира сите работи што ги потпишува, бидејќи ова е полошо отколку со Берни Сандерс кога беше во најлоша состојба. Не очекувавме дека е можно вакво нешто. Дури ни Берни Сандерс на стероиди не би го потпишал она што го потпишува Бајден, рекол Трамп.

Инаку, Доналд Трамп и претходно во неколку наврати сугерираше дека нешто се случува со Бајден затоа што тој ги меша зборовите и речениците и често заборава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.