Американскиот претседател Доналд Трамп ја назначи Ејми Кони Барет (48) за судија на Врховниот суд, која ќе ја замени неодамна починатата Рут Бадер Гинзберг.

Номинацијата му дава шанса на Трамп да го зголеми своето републиканско мнозинство во судот на помалку од шест недели пред претседателските избори.

Претставувајќи го својот кандидат на церемонијата во Белата куќа, Трамп изјави дека Ејми Кони Барет е една од „најбрилијантните и најталентирани правни умови“ во САД.

Доколку биде потврдена во Сенатот, Берет ќе стане петтата жена во Врховниот суд, а републиканците тогаш ќе имаат мнозинство од 6:3 во однос на либералите во тоа највисоко судско тело на САД.

Барет беше назначен од Трамп за судија на Федералниот апелационен суд во 2017 година.

Судија на Врховниот суд е доживотна функција во САД.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.