Поранешниот американски претседател Доналд Трамп ги оцени како „генијални“ постапките на рускиот претседател Владимир Путин кон Украина и го нарече рускиот лидер „многу разумен“, објавија американските медиуми.

Некои републиканци во САД се обидоа да го обвинат претседателот Бајден за кризата, велејќи дека Русија не извршила инвазија никаде за време на претседателствувањето на Трамп. Самиот Трамп, исто така, твитна претходно, велејќи дека неговиот однос со Путин би ја спречил кризата, пишуваа медиумите.

Неколку часа по неговата изјава, поранешниот претседател на САД истакнал на радио емисија дека откако дознал оти Путин ја признал независноста на сепаратистичките региони Доњецк и Луганск во источна Украина, си рекол: „Ова е генијално“.

Си реков: „колку е тоа паметно“, истакнал Трамп.

Подоцна, запрашана да ја коментира изјавата на Трамп, портпаролката на Белата куќа Џен Псаки изјави дека тие се обидуваат да не прифатат совет „од некој, што го фали претседателот Путин и неговата воена стратегија“.

Според неа, од републиканците зависи дополнително да не го политизираат ова прашање.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.