Долниот дом на Британскиот парламент вечерва го усвои законот за Брегзит, со кој се дозволува излегување на земјата од европската унија до крајот на месецов.

Законот сега треба да помине во Домот на лордовите, Горниот дом на британскиот парламент, кој може да го одложи, но не и да го поништи усвојувањето од Долниот дом.

Усвојувањето на законот е голема победа за Џонсон, кој како клучна цел на својот премиерски мандат го наведе излегувањето на земјата од ЕУ.

Инаку, последниот ден од јануари ќе почне само првата фаза од излегувањето, т.н. „преоден период“, предвиден за да се избегне нагло прекинување на врските, за чие време Велика Британија и ЕУ треба низ преговори да ги утврдат идните односи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.