Доларот значително зајакна во однос на другите валути од почетокот на годината.

Американската валута зајакна за 1,3 отсто во однос на европската валута, и цената на еврото се намали на 1,0410 долари. Во еден момент, тој се намали на 1,0348 долари, најниско ниво од почетокот на 2017 година. Но, курсот на доларот во однос на јапонската валута се намали за 1 отсто, на 129,20 јени. Вредноста на доларот во однос на кошницата валути порасна минатата недела, шести пат по ред. Растот се случува затоа што Федералните резерви на САД најавија дополнително агресивно заострување на монетарната политика за да се спречи високата инфлација. Индексот на доларот е ново највисоко ниво од 2002 година. И руската валута рублјата која во март падна сега е на нивото кое го имаше пред Русија да ја почне војната во Украина.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.