Британските лабуристи не се задоволни со новиот договор за Брегзит што денеска го постигнаа премиерот Џонсон и челниците на ЕУ. Како што рече првиот опозиционер, тој бил „дури и полош“ од оној што го постигна поранешната премиерка Тереза Меј.

Не сме задоволни со овој договор и ќе гласаме против него – порача во Брисел Џереми Корбин, лидер на Лабуристичката партија, најголема опозициска партија во Велика Британија, пренесува Ројтерс.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.