Германија ќе ги укине задолжителните тестови за коронавирус за патниците кои се враќаат од области со висок ризик во странство и ќе се фокусира на тестирање лица со симптоми.

Тоа во превод значи сите што живеат во Германија а биле во посета на земји со висок ризик од корона како што е Македонија, Србија или Босна и Херцеговина кога ќе се вратат нема да бидат принудени да направат задолжителн корона тест.

Се уште не е одлучено дали по враќањето во Германија ќе мора да седат во изолација две недели.

Министерот за здравство Шпан не соопшти кога ќе се смени стратегијата за тестирање, но одлуката најверојатно ќе биде донесена утре на состанокот на канцеларката Ангела Меркел и гувернерите на сите 16 провинции.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.