Обединетите Нации соопштија дека се подготвуваат за можно иселување од Авганистан на уште половина милион бегалци до крајот на 2021 година.

Во моментов има хуманитарна вонредна состојба во Авганистан – изјави заменичката на високиот комесар на УНХЦР, Кели Клементс.

Според неа станува збор за очигледно навистина динамична ситуација. Таа објасни дека УНХЦР планира акции за различни сценарија, вклучително и масовно иселување.

Се подготвуваме за околу 500.000 нови бегалци во регионот. Тоа е најлошото сценарио – вели таа.

Клементс особено ја нагласи потребата да се засили поддршката за соседните земји, кои веќе прифаќаат повеќе од 2,2 милиони авганистански бегалци и кои наскоро може да бидат сведоци на нов прилив.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.