Најновиот проект за моделирање го зголемува бројот на смртни случаи од Ковид-19 во САД, но истражувачки тим сугерира дека универзалната употреба на маски би можела да спаси 40.000 животи од сега до ноември.

Бројот на смртни случаи изнесува 136.000, но таа цифра во државата може да достигне 151.000 до 1 август и 157.000 до 8 август, според просекот на модели на 23 истражувачки групи во САД.

Податоците ги објави истражувачки тим на Универзитетот во Масачусетс во име на Центрите за контрола и спречување на болести (ЦДЦ).

Пред една недела, таа бројка од нив беше 147.000 смртни случаи на 1 август.

– Калифорнија, Флорида и Тексас, трите најнаселени држави во САД, ќе забележат илјада нови смртни случаи во текот на следните четири недели во споредба со претходните четири, рече професорот Николас Рајх.

Анализите на Универзитетот во Вашингтон одат понатаму и предвидуваат 224.000 смртни случаи на 1 ноември, но цифрата може да биде помала за околу 40.000 доколку 95 отсто од Американците не ги напуштаат домовите и носат заштитни маски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.