Истражување спроведено во градот Манаус, во државата Сао Паоло во Бразил, покажало дека најмалку шест од 10 луѓе кои прележале корона вирус се ранливи на бразилската мутација на корона вирусот наречена П1.

Прелиминарните податоци покажуваат дека антителата од стандардниот вирус обезбедуваат мала заштита од новиот вид П1 – објави „Мирор“.

Истражувањата ја покажале „шокантната брзина“ со која П1 стана доминантен во Бразил, за само осум недели од појавувањето.

Професорката Естер Сабино од Универзитетот во Сао Паоло вели дека помеѓу 25 и 61 процент од антителата, што биле создадени за време на првата инфекција со корона вирусот неделуваат против мутацијата П1.

Едноставно кажано – од 100 луѓе кои имале Ковид-19, меѓу 25 и 61 се подложни на мутацијата П1. Се запрепастивме кога видовме со колкава брзина расте бројот на пациенти – вели Сабино.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.