Здравствените власти на Обединетото Кралство во средата соопштија дека 6.178 нови случаи со коронавирус се регистрирани во земјата во текот на изминатите 24 часа, што претставува најголемо дневно зголемување на инфекциите од 1 мај, кога се регистрирани 6.201 случаи.

Вкупниот број на потврдени случаи на корона вирус во Велика Британија сега изнесува 409.729. Бројот пак, на смртни случаи како последица на Ковид-19 во земјата се искачи на 41.862 лица со 37 нови смртни случаи пријавени од претходното ажурирање.

Во вторникот, владата на Обединетото Кралство ги зајакна ограничувањата на коронавирусите во услови на нов скок во случаите.

Новите мерки вклучуваат полициски час за угостителски објекти, како и силни препораки за работа од дома.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.