Помалку од една третина од целокупната популација на Европа, вклучувајќи ја и Русија е целосно вакцинирана против ковид-19, рекол денеска директорот на СЗО за регионот на Европа, Ханс Клуге.

Моментално 41 процент од жителите на Европа примиле една доза вакцина, додека 29 проценти се ревакцинирани, пишува “Tass”.

Клуге прокоментирал дека нееднаквоста на вакцините ширум регионот е најголем предизвик и додал дека Делта сојот предизвикува пораст на случаите и хоспитализациите и дека во локален контекст треба да се прилагодат мерките и да се обезбеди брза вакцинација.

Често ме прашуваат кога ќе заврши пандемијата. Краткиот одговор е дека тоа зависи од тебе и од поединците и владите. Знаеме што функционира, имаме докази, има надеж. Заштитата на себе и на другите е пресудна за надминување на оваа пандемија. Дојдовме далеку и сега не смееме да се откажеме – рекол Клуге.

Исто така, Клуге објаснил дека е против ублажување на рестриктивните мерки поради пандемијата на коронавирусот.

Клуге додал дека по повеќе од една година притисок на здравствените системи, образованието и средствата за живот, не можеме да си дозволиме да ја направиме истата грешка, пренесува “Tass”.

Додал дека забележал дека иако вакцинацијата продолжува брзо ширум Европа, голем дел од населението останува невакцинирано.

Во исто време гледаме ублажување на мерките кои водат кон пораст на ковид случаи, каде стапката на вакцинација не е висока, посебно меѓу најзагрозените, што се претвора во зголемена хоспитализација – додал Клуге.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.