Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, изјави дека е зачуден од тоа колку претседателот на Русија Владимир Путин, детално знае за нуклеарната централа Запорожје.

Бев изненаден од неговото детално познавање на нуклеарната централа, нејзините технички карактеристики и разбирањето на она што го предлагам за нејзината безбедност – изјави Гроси во интервју за аргентинската телевизија „Телефе“.

Гроси додава дека претседателот на Русија верува во она што го прави и е длабоко убеден во неговите позиции. Генералниот директор на МААЕ, истакна и дека Путин се уште е подготвен да соработува со него.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.