Директорот на американската Централна разузнавачка агенција, Вилијам Барнс го посети Киев, каде се сретна со претседателот на Украина, Володимир Зеленски и со украинските разузнавачи, објави „Вашингтон пост“.

Повикувајќи се на изјави на неименуван функционер, весникот наведува дека за време на вчерашната посета, Барнс ги информирал украинските власти за средбата со директорот на руската служба за надворешно разузнавање, Сергеј Наришкин, истакнувајќи дека Вашингтон ја предупредил Москва да не користи нуклеарно оружје.

„Вашингтон пост“ додава дека Барнс ја повторил посветеноста на САД да ја поддржат Украина во борбата против Русија, пренесе ТАСС.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.