За убиство од невнимание се осудени директори на италијанската компанија за одржување на автопатиштата за несреќата во 2013.

Директорите на „Автопатишта на Италија“ се осудени заедно со уште тројца поранешни директори на истата компанија за смртта на 40 лица, кои загинале во 2013 на автопатот што бил во нивна надлежност.

За чудо на италијанската јавност, главниот директор на компанијата Џовани Кастелучи е ослободен од вина.

Тоа покрена големи реакции во јавноста со најава за дополнителни кривични приојави за падот на мостот минатата година во близина на Џенова, кога загинаа 43 лица.

Денешната пресуда се однесуваше на пад на автобус меѓу Неапол и Бари во јули 2013 во близина на местото Авелино.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.