Еврокомесарот за правда Дидие Рејндерс изјави дека „зелените“ ковид-пасоши ќе се користат сè додека Светската здравствена организација не објави крај на пандемијата на Ковид-19, а авиокомпаниите ќе можат да ги бараат при закажување на летовите.

Тој го претстави предлогот на Европската комисија во Европарламентот нагласувајќи дека тоа ќе биде алатка на земјите членки за поголема доверба.

Надлежните органи ќе можат да се потпрат на оваа алатка, за да го олеснат слободното движење на лицата, истакна Рејндерс, истовремено нагласувајќи дека ваквите дигитални сертификати ќе може да се користат и за влез во авион.

Ковид-пасоши ќе бидат издавани за сите вакцини против корона вирусот со кои се врши имунизација, а според Рејндерс, целта е да почнат да се користат пред крајот на јуни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.