Девет луѓе ги загубиле животите во стампедо во неделата утрото по локално време во бразилската метропола Сао Паоло, кога двајца мажи кои ги бркала полицијата упаднале на забава со околу 5.000 луѓе, соопшти полицијата.

Инциденетот се случил во Параисополис, сиромашен кварт на Сао Паоло.

Полицијата била во потера по двајца мажи на мотоцикл, кои го вознемирувале соседството. Полицискиот портпарол рекол дека во акцијата учествувале 38 полицајци и 14 полициски возила.

Осомничените потоа упаднале на забавата, по што настанало стампедото. Покрај жртвите, уште седум лица се повредени и пренесени во болниците.

Гувернерот на Сао Паоло, Жоао Дориа, изјавил дека со истрагата треба да се утврди што точно се случило, а засега нема уапсени.

Портпаролот на полицијата, Емилиано да Силва Нето, изјавил дека некои од присутните на забавата фрлале со камења и шишиња врз полицајците, а тие возвратиле со солзавец при што настанало стампедо во кое девет луѓе се прегазени до смрт.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.