Три лица, меѓу кои и едно дете, загинале со авионска несреќа што се случила на швајцарските Алпи во близина на границата со Италија, пренесува Танјуг.

Полицијата од швајцарското место Вале, соопштила дека малиот авион утрово полетал од западна Швајцарија кон Италија и дека по еден час летање се урнал и се запалил недалеку од границата со Италија.

Полицијата соопштила дека во остатоците на авионот ги пронашла засега неидентификуваните тела на пилотот, еден патник и едно дете, пренесува АП.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.