Четири лица загинаа, а две се тешко повредени при оружен напад во бизнис зграда југоисточно од Лос Анџелес, Калифорнија, соопшти рано утрово американската полиција.

Меѓу убиените има и дете за кое не се знае зошто се наоѓало во момент на инцидентот во просториите на деловната зграда.

Напаѓачот е ранет од полицијата која излегла на местото на инцидентот и се наоѓа во болница.

Детали за мотивот за нападот засега не се познати.

Десет лица беа убиени во напад во супермаркет во американската држава Колорадо минатата недела, додека осум лица загинаа од истрели од огнено оружје пред две недели во државата Џорџија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.