Полицијата во швајцарскиот град Бијел вечерва отвори оган врз лице осомничено за пукањето во ова место, соопшти кантоналната полиција на Берн.

Како што се наведува, во инцидентот било користено службено оружје, без да се наведат повеќе детали за можни смртни случаи или повреди, пренесува Ројтерс.

Весникот „Блик“ цитираше сведок кој изјавил дека видел двајца мажи како лежат на земја по пукањето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.