Возач на автомобил загина утрово во јужна Франција кога со возилото удрил во камион на обиколка блокирана од „жолтите елеци“, соопштија локалните власти.

Возачот, 36-годишен маж, загина во сообраќајна несреќа што се случи во близина на Перпиња, изјави полициски службеник.

Со ова бројот на смртни случаи поврзани со повеќенеделните антивладини протести се зголеми на десет.

Демонстрантите и денеска организираат протестни акции ширум земјата, како и секоја друга сабота, почнувајќи од средината на ноември.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.