Најмалку 11 мигранти од Африка загинале откако бродот со кој патувале се превртел во близина на Тунис. Меѓу загинатите има и деца.

Мигрантите се обидувале преку Средоземно Море да стигнат до италијанскиот остров Лампедуза.

Крајбрежната стража на Тунис пронашла тела на осум жени и три деца во близина на градот Сфакс. На бродот се наоѓале околу 30 луѓе, а крајбрежната стража трага по исчезнатите.

Во водите на Тунис минатата година се удавија околу 90 мигранти, откако се преврте бродот со кој од Либија тргнаа кон Европа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.