Најмалку десет алпинисти загинаа, а седум исчезнаа во лавини северно од Техеран, објавија денеска иранските медиуми.

„Телата на десет алпинисти беа пронајдени на планините во близина на Техеран благодарение на напорите на спасувачките екипи и Црвената полумесечина“, изјави за новинската агенција Ирна, Ирна Мохамад Бејкер Мохамади, заменик шеф на операциите во Иран.

Алпинистите беа фатени во лавина за време на снежна бура во планините северно од Техеран во петокот, рече тој.

Државната телевизија објави најмалку седум исчезнати алпинисти и нагласи дека потрагата се уште трае.

Таа покажа снимка од операцијата за спасување на хеликоптер на планините на надморска височина од околу 4.000 метри во масивот Алборз.

Спасувачките екипи имаат потешкотии затоа што снежната бура не се смирила.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.