Денеска во Италија е најцрниот ден од кога почна епидемијата со коронавирус во светот откако беше објавено дека 969 луѓе починале во еден ден од ковид-19. Ова е највисоката дневна бројка од почетокот на пандемијата.

Со досега највисокиот еднодневен скок во бројот на жртвите вкупната бројка во Италија дојде на 9.134, број што одамна го надмина оригиналниот епицентар на епидемијата во Кина.

Италија до денеска има 86.498 потврдени случаи, надминувајќи го и кинескиот број на заразени, бидејќи Пекинг повеќе не регистрира случаи на новозаразени од коронавирусот.

Иако дневните бројки на смртни случаи во земјата неколку дена паѓаа, денешниов број покажува дека во Италија нималку не се подобрува состојбата со катастрофалната епидемија, која ги преплави болниците, активира карантини на национално ниво и ги исцрпе националните ресурси.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.