И покрај обидите на некои земји членки да го вратат проширувањето и преговорите со Македонија и Албанија на дневен ред на Самитот на ЕУ денеска, според дипломатите во Брисел шансите се речиси непостоечки, јавува дописничката на МИА.

По вчерашниот неуспех на Европската Унија да се усогласи по ова прашање, нема политичка волја да се продолжи со дискусијата бидејќи нема промена во ставовите. Но, многу е веројатно во заклучоците од Самитот денеска лидерите да се заложат дека ќе се навратат на прашањето на следниот самит во декември, велат дипломатите во Брисел.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.