Одборот на американскиот (во поголем дел демократски) Претставнички дом ги одобри обвиненијата за злоупотреба на власта и мешање во работата на Конгресот против претседателот на САД, Доналд Трамп.

Правосудниот одбор на Конгресот гласал 23 спрема 17 за одобрување на обвиненијата со кои Трамп се терети за злоупотреба на власта на неговата канцеларија за да изврши притисок врз Украина поради истражување на политичкиот ривал – демократскиот кандидат Џо Бајден и неговиот син Хантер кој бил член на одборот на украинска енергетска компанија додека Бајден беше потпретседател.

Панелот исто така одобрил уште едно обвинение со кое Трамп се терети за мешање во работата на Конгресот.

Претседавајќи со Комитетот, Џери Надлер дал кратка изјава по гласањето велејќи дека „денеска е свечен и тажен ден и дека домот ќе делува многу брзо”, пишува американскиот Си-ен-ен.

Претходно Комитетот одобри посебно обвинение во кое Трамп се терети за злоупотреба на моќ бидејќи се обидувал да ја наведе Украина да го истражи Џо Бајден. Освен ова, станува сè поверојатно дека Доналд Трамп ќе биде третиот претседател во историјата на САД кој ќе се најде во процес на отповикување.

Одобрувањето на обвиненијата за импичмент од страна на одборот претставува сцена за гласање на целиот Претставнички дом следната недела, со што процесот на отповикување ќе биде завршен. Тоа значи дека во рок од неколку недели, Трамп се нашол на судење во Сенатот кој го контролира републиканското мнозинство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.